Вести

Мирческа и Бафтири финишираа на Ултра Треил ду Мон Блан 2019

Мери Мирческа од Прилеп која овој викенд беше дел од 2500-те учесници кои ја стартуваа планинската трка во должина од 171 км – Ултра Треил ду Мон Блан успеа да финишира и со тоа да стане втората жена од нашата држава која го направила овој подвиг.

Мирческа на стазата која минува низ три држави, 171 километри и 10000 висински метри, односно прави целосно обиколување на масивот Мон Блан финишираше со време од 42 часа и 13 минути и се пласираше на 904 место во генерален пласман а 65 во женски ранк.

Заедно со неа од Македонија оваа година учествуваше и Александар Стојкоски кој не ја заврши трката CCC – долга 100 километри и 6100 метри висинска разлика со старт во Курмајер до Шамони. Тој се откажа на 40-тиот километар во населеното место Ла Фули – веднаш по минувањето на највисокиот превој Гран Кол Ферет.

На истата трка, пак, тетовчанецот кој живее во Норвешка, Бурим Бафтири, успеа да ја финишира трката за време од 21 час и 12 минути.

Ненад Лазиќ кој живее во Битола истотака учествуваше на една од трките на повеќедневниот настан УТМБ – на трката TDS тој не успеа да финишира поради повреда и се откажа на 92 километар во Бофур.

Најзначајни резултати на овој светски ултрамаратонски настан со оглед на тоа што нашите настапи се екстремно ретки и со оглед на тежината, комплексноста и повеќегодишната посвета и жртва која треба да се даде за да се финишира оваа трка се сите досегашни:

2012 година – пионерски настап за наши учесници иако на скратена траса на УТМБ цирка 110km (поради лошо време) 

Трајче Панковски 24:50
Жикица Ивановски 17:17

2014 година – УТМБ 168км 9800 D+

Светлана Стојаноска 44:59 – прва жена од Македонија
Жикица Ивановски 31:46 – најдобро време од Македонија
Јовица Јованчев 32:46

2015 година – CCC 101 6100 D+

Дејан Крле – 25:34

2018 година – УТМБ 171км 10000 D+ *со промена во последното искачување на La Tête aux Vents

Жикица Ивановски 35:38
Игор Јовановски 35:38
Игор Пирковски 35:38

2019 година –  УТМБ 171км 10000 D+ (целосна патека) 

Мери Мирческа 42:13 – најдобро женско време

CCC – 101km 6100 D+

Бурим Бафтири 21:12 – најдобро време на CCC

Погледнете го видеото и атмосферата од овогодинешното издание на УТМБ

Сите резултати од трките можете да ги најдете тука – https://utmbworld.com/

← Назад кон архивата