Вести

Марко плива 64 километри во Охридското езеро за децата со ретки болести

width=635

Маратонот започна денес на 27 август во 15 часот од кај Градското пристаниште во Охрид, а предвидено е да заврши утревечер на истото место.

Со цел да се соберат средства за лицата со ретки болести, изработени се маички во бела и црна боја што ќе се продаваат по цена од 300 денари утре на штандот кој ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12 часот.

Инаку, лани Марко го преплива Охридско Езеро за девет часа со што стана најмладиот пливач кој ја препливал таа рута.

← Назад кон архивата