Вести

Финиш за Тина на нејзиниот втор ТрансКон настап

title=Фото

Утрово во 4 часот и 45 минути нашата учесничка на Трансконтиненталната трка која оваа година одеше од Бургас до Брест, Тина Нестороска, стигна на финиш линијата и со тоа по втор пат ја заврши оваа интересна трка.

Рутата која ја возеше одеше низ цела Бугарија и споменикот Бузлуџа на планината Балкан како првата контролна точка,  потоа низ цела Србија, Хрватска, Словенија, преку Јужен Тирол, до езерото Комо, Торино, Гренобл и целата Франција во дијагонала до финишот во Брест. 

width=635

Трката оваа година стартуваше на 27 јули, а Тина успеа да ја измине делницата за нешто помалку од 19 дена, со 5 дена побрзо време од настапот во 2017 година, каде заедно со Горан Арсовски успешно ја финишираа трката за 23 дена.  

Трансконтиненталната ултра трка со велосипеди претставува еден интересен концепт на самоодржливо возење со велосипеди на ултра дистанци каде секој тркач е потребно да функционира максимално самостојно низ целата рута. 

Деталите за движењето на Тина можете да ги погледнете тука. 

Повеќе за трката читајте тука. 

width=635

← Назад кон архивата