Вести ·

Сања Најдовски втора на „Осогово Ран”

title=Сања

Овој викенд на 28.07.2019 во организација на бугарското здружение „Маратон” се одржа трката Осоговор Ран која стартува од градот Ќустендил а завршува на врвот Руен. Истата е во должина од 24 километри со висинско искачување од 1750 метри и се одржува од 2014 година. 

На ова издание, во категоријата планинско трчање настапија 70 учесници од кои и тројца македонски учесници: Сања Најдовски, Борче Милосковски и Љубиша Андреиќ од клубот за планинско трчање „Трекс” – Скопје. 

Сања успеа да оствари одличен резултат од 3:45:45 со што се пласираше на втората позиција во женска категорија. Пред неа заврши Силвија Младенова со време од 3:33:45, а трета беше Ивона Михајлова со време од 3:54:25. 

Сите резултати се достапни тука. 

← Назад кон архивата