Свечено отворен Центарот за спасување на планина при Црвен крст Охрид

„Конечно реализиран уште еден значаен сегмент од нашата дводецениска мисија за развој на Планинската Спасителна Служба во регионот околу Охридското Езеро. Свечено пуштен во употреба оперативниот и тренинг центар, прв од ваков вид во нашата држава и пошироко. Огромнa благодарност до Европската Унија и Министерството за Локална самоуправа, за финансиската поддршка доделена преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.” – изјавија надлежните од Планинската Спасителна Служба.
Центарот за спасување на планина и непристапни терени во Охрид ќе го опслужуваат 15 професионално обучени спасители кои располагаат со комплетна опрема за делување во летни услови, а наскоро ќе бидат опремени и со опрема за зимски услови, во рамки на втората компонента од проектот.
Повеќе на темата може да прочитате во нашето интервју со раководителот на службата Антонио Додевски.
