Вести

Охриѓани со три генерации на победничкиот пиедестал

width=635

Во исклучително силна конкуренција „Белите” со сите четири генрации играа полуфиналиња. На крај, генерација 2006 го освои златото, додека генерација 2008 и 2010 ги добија малите финалиња и освоија бронза. Одлични во малото финале беа и генерација 2007 кои играа нерешено со прилепска Победа која пак имаше повеќе среќа во изведувањето на пенали. Индивидуални признанија освоивме и со генерација 2006 каде имавме најдобар стрелец и голман и генерација 2010 каде имавме најдобар стрелец на турнирот.

width=635

Благодарност до екипите на Работнички, Победа, Неготино, Њу старс, Албион, Карев, Биџо Куманово, Велешта, Еден на еден и Спортефе кои беа дел од овој турнир, за нивнто коректно и спортско однесувања и што дадоа свој придонес да имаме одлична фудбалска недела во Охрид.

Посебна благодарност и до сите што го помогнаа одржувањето на овој турнир: Општина Охрид, Мобипетрол, Куба либре, Винчини, АБВ Дизајн и Вејк енд бејк. Благодарност до вработените на СРЦ Билјанини извори, тренерите, родителите и фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ и сите што беа вклучени во организација, судии, сликари, обезбедување и друга логистичка поддршка.

Целата галерија со слики може да ја погледнете ТУКА

Извор:www.ohridtoptim.com

width=635

width=635

← Назад кон архивата