Вести

Стартуваше најдолгата трка на светот

width=635

Градот Њујорк е домаќин на најдолгата сертифицирана патека на светот. Трката се трча во круг со должина од 800м а вкупната должина која е потребна за да ја завршите трката е 3100 милји или 5000км.

Да, добро прочитавте. Потребно е да направите 5649 кругови за да ја финиширате оваа брутална трка, а за да го постигнете тоа имате на распологање 52 денови и тоа секој ден од 6 наутро до 12 на полноќ кога трката се затвора. За да не се мачите со пресметки, на дневно ниво треба да се истрчаат во просек 95.95км.

Трката е организирана од Шри Чинмој маратон тимот, а самиот Шри Чинмој е и основач на трката која првото издание го има во 1996 година. Во таа година трката била за нијанса пократка, односно 4345км, но истата таа година Шри Чинмој највува дека веќе наредното издание ќе биде долго 5000км.

width=635

Како и сите останати трки организирани од страна на Шри Чинмој и оваа го носи името „Трка на себенадминувањето”. Би можело да се каже дека трката е наследник на легендарното ултра-трио на 700милји, 1000милји и 1300 милји, како и на трките на 6 и 10 дена организирани од истиот овој тим.

Рекордер на трката е Финецот Пека Алто кој трката ја финиширал за 40 дена и 09 часа (во просек 123,5 километри на ден), додека пак женскиот рекорд е сопственост на Каненика Јанакова и изнесува 48 дена и 14 часа. Вреди да се спомене дека Финецот Алто досега има 8 победи на оваа трка, а дури 14 пати финиширал што е навистина неверојатно. Оваа година тој настапува по негов петнаесетти пат. 

Годинава трката стартуваше на 16 јуни и на неа се натпреваруваат вкупно 8 учесници, од кои седум мажи и една жена. Интересно е и да се напомене дека оваа година за прв пат на трката учествува и бугарскиот натпреварувач Тодор Димитров. 

← Назад кон архивата