Вести

Одржана трка на Титов врв

width=635

Патеката на која се одржуваше оваа трка стартуваше од Попова Шапка а движеше по целиот гребен на Церипашина, Бакрдан и Титов врв. Враќањето беше по истата патека која во целост беше долга 20 километри со 1800 висински метри.

На трката учествуваа 44 натпреварувачи. Најдобри резултати во машка конкуренција остварија Александар Стојкоски 2:40:02, втор беше Марјан Бонев 2:46:00, а трет Александар Кирковски 2:48:13. 

Во женска конкуренција прва беше Мери Мирческа 3:50:10, втора Билјана Кираџиева 4:11:05, а трета заврши Елена Ртоска 4:53:50. 

Трката „Титов Врв Скајрејс” беше во организација на ПК Македон и истата претставува државно првенство во дисциплината скајранинг. 

Сите резултати тука. 

← Назад кон архивата