Вести

Второ издание на полумаратонот „Струмица на улица”

width=635

Тркачите имаа можност да бидат дел од три трки во должина од 21, 10 и 5 километри, а севкупно настапија 427 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Велика Британија, Португалија и Словенија.

Прва дама на 21 километар беше Адријана Поп Арсова со време од 1:24:30, зад неа беше Билјана Кираџиева 1:28:40, а трета заврши Милјана Ристиќ со 1:35:42. Во машка конкуренција прв беше Дејан Атанасов од Бугарија – 1:16:23, втор беше Александар Кираџиев 1:17:43, а третата позиција припадна на Игор Јакимовски со време од 1:24:59.  

width=635

„Драго ни е што бројот на учесници е двојно поголем од минатата година. Трчаа претставници на многу локални компании, многу рекреативци од Струмица и цела земја. Особено ни е драго што „Струмица на улица” во својата втора година од одржување имаше 50-тина интернационални учесници”, вели Миле Ѓеоргиев од Културен забавен живот.

Сите резултати можете да ги пронајдете тука. 

Струмица ОПЕН фестивал годинава ќе трае до 18 aвгуст, каде во три месеци ќе бидат распоредени 27 настани од областа на спортот, културата, едукацијата, уметноста, литературата и музиката.

← Назад кон архивата