Вести

Бонев ќе прави прв Еверестинг на македонско тло

width=635

Што е „Еверестинг”

Тоа е неформален формат на спортска активност – најчесто велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8848 висински метри, односно височината на Еверест, во еден единствен обид.

Правилата се едноставни. Одбирате еден рид, планина или брдо со одредена височина и правите повторувани искачувања (и спуштања) сè додека не ја постигнете оваа бројка – мерено со некој прецизен уред кој поседува алтиметар и барометар.

Паузи за одмор при предизвикот се дозволени (земање на храна, пијалок и мал одмор), но важно е да нема пауза за спиење во текот на активноста односно предизвикот да биде во еден обид.

title=Марјан

Повеќе за првиот обид за Еверестинг на македонско тло

Еверестингот на Марјан Бонев ќе биде на релација од хотелот Средно Водно 564 – 568мнв до врвот Крстовар 1066м, а за исполнување на висината на Еверест на оваа патека, Бонев ќе треба да направи 18 искачувања. Искачувањата ќе бидат на Димитар-Цветкова патека. 

За спуштање од планината, тој наутро ќе користи велосипед, а откако жичницата ќе започне со работа, планот е да се искористи истата за овој дел од предизвикот. Според него, предвидено е едно искачување да го прави за околу 28-30 минути, спуштањето со велосипед би му одземало 11 до 13 минути, а оние со жичара би траеле околу 8 минути. 

Се на се, доколку сите работи одат по планираното, тој би требало да биде активен 16 часа за време на Еверестингот на Водно.

„Идејата за предизвикот е тест на ултра психичка и физичка издржливост, тест на досега наученето и искусеното во областа на менаџирање со нутриција, напор и ментален фокус при втората половина на спуштањата со велосипед.” – вели Бонев. 

Тој вели дека инспирацијата за овој подвиг доаѓа од пријателот  Горан Кузмановски кој пред точно 1 година изведе успешен велосипедски Еверестинг на Копаоник во Србија со одлично време од 15ч 50мин.

← Назад кон архивата