Вести

Преубав планински викенд на Галичица и Охрид Треил

width=635

Со старт во 8 часот наутро започна ултрамаратонската трка на 60 километри која минуваше низ највисоките и диви предели на Галичица, од Св. Наум до врвот Кота Ф10, Магаро, Лако Сигној, Бугарска Чука, Висок врв, а финишот беше во Охрид на кејот Македонија.

Најбрзи на оваа стаза во машка и женска конкуренција беа словенечките натпреварувачи Јуре и Јања Облак кои се татко и ќерка. Делницата од 60 километри Јуре Облак ја помина за 7 часа, 38 минути и 22 секунди, додека Јања финишираше за 9 часа, 55 минути и 21 секунда. Интересно е и да се напомене дека Јања има само 18 години. 

width=635

Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард (САД) со време (7.39.52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8.26.49). Второто место во женска конкуренција и припадна на македонката Сања Најдовски од со време (9.59.14), а на третото место од пиедесталот се искачи Десислава Цветанова од Бугарија која патеката од 60 километри ја помина за 10.06.45. Трката на 60 километри ја започнаа 49 натпреварувачи, а завршија 41.

Во склоп на истиот настан се одржа и мала трка на 35 километри која стартуваше од автокампот Елешец а финишираше истотака во Охрид. Во машка конкуренција подиумот го комплетираа македонци, а најбрз беше Марјан Бонев кој патеката ја помина за 3.59.42, втор финишираше Димитри Михаилов Миовски 4.06.28, трет беше Иван Пешовски 4.13.45.

Во женска конкуренција најбрза беше Брук Филиповски (4.57.09) од Австралија, Антонија Брезовска беше втора со време (5.21.19), а трета заврши Ана Милосављевиќ 6.01.20 – Србија. На 35 километарската трка на стартот се појавија 81 натпреварувач, а завршија 77.

width=635

Сите официјални резултати можете да ги пронајдете на следниот линк. 

Следниот викенд во Охрид продолжува тркачката атмосфера со новото издание на Охрид Трчат на кое се очекуваат повеќе од 1500 тркачи.

Трката беше во организација на здружението за промоција на планинското трчање „Трекс” и Асоцијацијата „Спорт за сите – Сите за спорт” од Охридwidth=635

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата