Вести

Outdoor Festival АЗОТ 2019 мтб предизвик

width=635Настанот траеше два дена со однапред подготвена програма од страна на организаторот. Првиот ден учесниците го искористија за организирано возење до с.Бистрица со посета на етно музеј и манастирот „Св. Петар и Павле” над селото каде беа топло пречекани од љубезните домаќини. Во кампот истовремено се одвиваат интересни активности за најмладите учесници кои ги учеа вештините на возење велосипед и други инетересни игри во организација на Никола Нешкоски и Еко-училиште од Скопје. Забавниот дел заврши со рок забава до полноќ.

width=635

Главниот дел на фестивалот беше на 26-ти (недела) каде се возеа три патеки и тоа:

– голема патека: 53.5 km +1805m

– средна патека: 34.5 km +1011m

– мала патека:16.9 km +442m 

Учесниците на велосипед посетија неколку села од областа  Азот и тоа со старт и цел во село Богомила, потоа возејќи преку с.Црешнево, с.Капиново, с.Нежилово, се до планинарски дом Чеплес каде беше поголемата пауза. Вториот дел на патеката беше оној најинтересниот- вистинскиот дел за подигнувањена адреналинот и возбудата, дел кој ги повзрива Чеплес и с.Папрадиште. Дел од патеката поминува низ бескрајно убави и восхитувачки предели како што е погледот кон врвот Солунска глава (2451 мнв), неколку живописни водопади и возење долж реката Бабуна.

width=635

Освен велосипедизмот, 50-на планинари планирареа на интересни локации од регионот АЗОТ и тоа на релација Богомила-Црешнево- Преслап и назад во должина од 16,2км.

Настанот беше посетен од преку 500 лица, од кои преку 350 директни велосипедисти, 50-на планинари и останати посетители.

Сите активности беа во селото Богомила (школскиот  двор на училиштето Петар Поп Арсов) 

width=635

Мотото на организаторот на овој настан ЗГ Велес Бајкинг е секогаш ист (вистински предизвик за секого), затоа што вистинскиот мотив на секој љубител на природата е предизвикот пред непознатите предели, тежината на патеките, и најважно од се самодовербата како фактор за надминување себеси. Со ова тие постојано ја поместуваат границата на позитивно со цел на сите посетители да им овозможат да понесат неизбришливи спомени од АЗОТ-от надополнети со лично и општо задоволство кое на секој од нас ни е неопходно во времето во кое живееме и промените на кои сме изложени.

width=635width=635width=635

← Назад кон архивата