„Пехчево на точак” по втор пат оваа година


Планинарите одеа по патека до врвот Орловец на планината Буковик околу 18 км, велосипедистите возеа по патека до бачилото, под врвот Кадиица околу 28 км, а џиповите тргнаа на друга страна, према местото Равна река и возеа во близина на местото Ченгино кале по пат околу 50 км.
Почетокот на сите беше од плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. На џип турата учество земаа околу 80 џипови, 60 велосипедисти возеа по прекрасните патеки во околината на Пехчево и врвот Кадиица а присутни беа 40 планинари. 
Дел од учесниците беше и Амбасадорот на Словачка кој ја возеше велосипедската тура и заменик амбасадорот кој беше со планинарите.
Вкупно учесници и други гости кои беа на настанот во Пехчево, имаше околу 400 лица.
Настанот помина со прекрасни впечатоци на учесниците, во најдобар ред и исполнета цел – “да поттикнеме дружење, создавање нови пријателства, да ги истражиме и доживееме убавините на пехчевската природа и малешевијата” – изјавија организаторите.
Успешно реализираниот настан, во попладневните часови го одбележавме со забава пред кафе бар КИМ, коктел за учесниците и музика во живо
