Пиколино

Фудбал во училиште, – фудбал сега, фудбал насекаде

width=635

Во рамките на проектот на Фудбалска федерација на Македонија, а во соработка со Федерација на училишен спорт на Македонија, “Фудбал во училиште, – фудбал сега, фудбал насекаде” на 14.5.2019 год. во спортската сала на ООУ “Гоце Делчев” во Штип се реализираше шестото последно коло од пролетниот дел за учениците од второ и трето одделение, а представени преку екипите Црвени, Бели, Жолти и Зелени.

Постигнати се следните резултати: Жолти – Црвени 4:1 и Бели – Зелени 0:1. Училишен координатор на натпреварите наставник по ФЗО Љупчо Мирчевски.
Следуваат натпреварите помеѓу прво пласираните во Општина Штип.

Натпреварите ќе се одржат на стадионот Бело брдо на 21.5.2019 год. со почеток во 12.00 часот.width=635width=635width=635width=635

← Назад кон архивата