Вести

Пандев е дел од уникатната фудбалската историја на Европа и cветот

width=612

Лидер, капитен, спортски амбасадор, борец, алка која ја сврзува нашата репрезентација во многу успеси и радости. Пречекуван и испраќан со стоечки овации од навивачите на сите негови поранешни клубови. Ценет и уважуван со тешко достижната титула „Гранде” во една од најфудбалските земји – Италија.

По примерот на многу светски фудбалски ѕвезди, така и Горан, реши во својата родна Струмица да формира своја фудбалска академија која на само пет години од формирањето на сениорскиот тим завери третото место во македонската прва фудбалска лига и со тоа избори пласман во квалификациската фаза на Лига Европа.

width=635

Тој успех на Академија Пандев не натера да истражиме и да дојдеме до неверојатен податок дека Горан Пандев е првиот фудбалер во европа а можеби и во светот кој како активен фудбалер, е оснивач, сопственик и спонзор на фудбалски клуб кој го носи неговото презиме а истиот изборил пласман во некое од европските натпреварувања, а згора на тоа е и куп победник!

 Примери на сега активни и пензионирани фудбалери кои се сопственици или акционери на фудбалски клубови и академии има многу. Роналдо, Дрогба, Хаџи, Бекам, Малдини, Сколс, Гигс… но сите тие клубови или се нисколигаши или „газдите” се веќе фудбалски пензионери.

width=635

Фудбалската Академијата Горан Пандев ја оснива на свои 26 години, а првиот тим на 30 годшна возраст… воедно раритет е дека Академијата го носи првиот куп трофеј во фудбалска Струмица и го закитува истокот со значајно спортско достигнување.

 ЛИНК ОД САМИТЕ ПОЧЕТОЦИ НА АКАДЕМИЈАТА

← Назад кон архивата