Вести

Цубалевски: Трофејот од првата лига во бокс е наш!

width=635

Цубалевски на располагање ќе ги има капитенот на екипата, државниот првак и непобедливиот боксер во минатогодишната прва лига Борјан Јаноски, повеќекратниот државен првак Марко Стојаноски, државниот првак Филип Зивосовски, Никифор Стојаноски, Сухамед Мемедов, Димитар Огненоски, Филип Трајковски, Кристијан Трифуновски, Харитон Николовски како и интернационалците кои секогаш одговараат на повикот на клубот: германските браќа Илхан и Ајхан Озмен кои се и репрезентативци на нашата земја, како и Американецот Давуд Реџиќ кој е моментално на припреми во САД.

Стручниот табор на Универзалци кој е предводен од AIBA Васко Цубалевски и помошник тренерот Гаврил Огњановски најавуваат систематска и стручна работа, а голема посветеност на методиката и тактиката врз боксерите за понатамошните успеси !!!width=635

width=635

← Назад кон архивата