Вести

Mariovo off-road 2019 „се сели” кај мостот

Оваа година фестивалот ќе се одржи во село Зовиќ, во битолскиот дел на Мариово, а како главен спортски дел планирани се две велосипедски рути.

Подолгата рута е таа што се вози секоја година, но овој пат СТАРТОТ Е ВО ЗОВИЌ

Cycle Route 4838187 – via Bikemap.net

Пократката тура почнува во Зовиќ и ги посетува селата Старавина и Градешница и манастирот Свети Атанасиј. Оваа рута нуди можност за посета и на селата Будимирци Груништа, но со претходна консултација со водичите на турата.

Cycle Route 4838196 – via Bikemap.net

Покрај овие активности љубителите ќе може да земат учество во планинарска тура, да трчаат во околните предели, да се дружат и релаксираат на Градешка река. 

Целата програма пронајдете ја тука.

← Назад кон архивата