Вести

Авантуристи на годината 2019 – Нат Гео

Секоја година Нат Гео истражува и зема предлози од писатели, новинари, кинематографи и фотографи при што се составува листа на најистакнати истражувачи и авантуристи заминатата година.

Иако 2018 беше година на најбрзото искачување на „Носот” на Ел Кап од страна на АлексХонол и Томи Калдвел, искачувањето на Давид лама на Лунаг Ри, првото скијање на Лотце и останати интересни и скоро „невозможни” подвизи, тимот на Нат Гео одбра малку поинаку. Ова е листата на избрани:

width=635

Андржеј Баргиел – првиот човек што го скија врвот К2 – читајте повеќе.

width=635

Маурин Бек е родена без нејзината лева подлактица, но станува светски шампион во пара-качување. 

width=635

Адам Бијелицки и Денис Урубко беа дел од тимот кој се обиде да се качи на К2 во зима, но и водечкото дуо во спасителната акција по Томек Мацкиевич и Елизабет Револ на Нанга Парбат. 

width=635Хедер Андерсон во 2018 година успеа самостојно да ги испешачи Апалачиан Треил, Пацифик Крест Треил и Континентал Дивајд Треил во една година – вкупно 12900 испешачени километри во една година. 

width=635

Бабси Зангерл е една од најдобрите качувачи на карпа која успева слободно да ја искачи рутата Меџик Машрум во Јосемити

width=635

Тимската заслуга оди кај спелеонуркачите кои учествуваа во спасителната акција на заглавените момчиња од тајландската пештера Там Луанг. 

← Назад кон архивата