Вести

Спортско качување и Брејкденс на Олимписки игри

width=635

Можеби е тешко да се замислат игри на кои нема атлетика или пак пливање и екипни спортови, но од друга страна постојат и спортови кои постојано се на списокот на Олимписки спортови а за кои реално нема публика и интерес.

Па така веројатно за многумина ќе звучи чудно и неверојатно тоа што на пример организаторите за игрите во Париз 2024 го предложија Брејкденсот како нов олимписки спорт. Оваа нова дисциплина своето деби го имаше во 2018 година на Младинската Олимпијада во Буенос Аирес и истата претставуваше целосен успех. На овие игри дебитираа и други спортови кои имаат олимписки потенцијал и тоа спортско качување, 3х3 кошарка или BMX фристајл и сите беа комплетно распродадени и посетени.

Дека игрите постојано се приспособуваат доказ е и каратето кое ќе биде составен дел од игрите во Токио 2020 година но по се изгледа нема да биде дел од игрите во Париз 2024. Токио пак од друга страна покрај карате во својата програма за прв пат ќе вклучи и спортско качување, сурфање и скејтборд.

width=635

Во однос на спортското качување, за Токио 2020 се предвидени вкупно 40 натпреварувачи, а веќе четири години подоцна, бројот на натпреварувачи во Париз  скокне на 72 поделени во следните дисциплини:

Брзинско (16 машки + 16 женски)
Kомбинација на водство / болдеринг (20 машки + 20 женски)

Тони Естанкует, претседател на Организацискиот комитет на игрите во Париз и трикратен олимписки шампион во кајак, вели дека нивната главна цел била да ги доближат игрите до обичните луѓе и да ги направат да бидат поурбани и поартистични. Токму затоа и се решиле за брејкденсот.

Видео од Младинската Олимпијада во Буенос Аирес

Покрај брејкденост во трка за своја презентација и учество на олимписките игри во Париз беа и меѓунардните федерации за сквош, снукер и шах.

← Назад кон архивата