Вести

Чупино Зимски Вертикал 2019

width=635

Настанот започна со сончево утро на самиот центар во с. Блатец. По синото небо се знаеше дека сонцето ќе ја следи тркатa во текот на целиот ден и искачувањето до врвот ќе го даде потребниот микс на патека што се очекуваше.

Местоположбата на патеката што води до Чупино не така лесно дозволува топење на снегот 2-3 километри до врвот. Секој чекор даваше предизвик повеќе од вообичаеното. Последниот “зор” до врвот не беше исти како во Септември 2018 – патеката е таа, но паднатиот снег бара малку повеќе енергија.width=635

Погледот од врвот беше таков што организаторите посакуваа – можност да се види цела Македонија со едноставно свртување на главата. Од таму се гледаше Руен (Осогово), Радомир (Беласица), Љуботен, (Шар Планина) и Пелистер (Баба).
Заедно со Планинарско Друштво “Плачковица” – Виница, организаторите The Running Squad успеаа финишот да го направат најгостопримлив, како што доликува на Чупино. Љубовта кон Чупино даде сила на планинарите да однесат повеќе товар во ранците од вообичаеното, за да се направи една гозба достојна за гостите и натпреварувачи.width=635

Чупино Трејл 2019 е веќе закажана за 1ви Септември. Пријавите наскоро ќе бидат пуштени. Истата екипа која ги организираше настаните во Септември 2018 и овој во Февруари, се веќе во подготовки за Чупино Трејл 2019. Без сомнеж, Чупино Зимски Вертикал ќе се врати во 2020.

The Running Squad, Планинарско Друшто “Плачковица” Виница, спонзорите, доброволците и сите други кои помогнаа во организирање на Чупино Зимски Вертикал се Благодарни на сите гости кои учествува во трката. Ги очекуваме да се вратат оваа година на 1ви Септември во Виница и повторно да уживаме во убавините на Плачковица.

width=635

На првото издание на Чупино Вертикал 2019, првите три места во категоријата мажи им припадна на

1. Александар Стојкоски 49:07

2. Марјан Бонев 49:33

3. Michael Van Baelen 49:57

Во категоријата жени, првите три места им припаднаа на

1. Мери Мирческа 1:09:33

2. Сања Најдовски 1:11:57

3. Емилија Христoва 1:16:16

Чупино Вертикал 

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата