Вести

Словенија да ви каже за спорт и туризам

Долината Планица е позната како лулка на ски скокалниците и претставува историско место за овој спорт. Првата скокалница е изградена во 1930 година на падините на планината Понча, а во 1934 година Станко Блоудек ја конструира Блоудекова Великанка на која за прв пат, од страна на австриецот Јозеф Брадл е постигнат скок подолг од 100 метри. На истото место во 1994 година за прв пат е постигнат скок од над 200 метри од страна на Тони Ниеминен – 203 метри, а своевремено на оваа скокалница се поставени дури 40 рекорди.

Во 2013 година владата на Словенија донесува одлука Планица да се претвори во модерен центар за нордиски спортови, а во мај 2018 година тие се прогласени за домаќини на Светскиот Шампионат во нордиско скијање 2023 година.

width=635

width=635

← Назад кон архивата