Европски рекорд во полумаратон на пеколна трка во Рас Ал Каимах


Иако во генералниот пласман 22-годишниот Јулиен заврши на четвртата позиција, само 5 секунди зад третопласираниот Фикаду Хафту од Етиопија, со неговото време од 59:13 успеа за 21 секунда да го подобри европскиот рекорд на Мо Фарах од Британија. Ова не само што значи и нов рекорд во европски рамки, туку и најдобро постигнато време на оваа дистанца од човек кој е роден надвор од афричкиот континент. Досегашното најдобро време од европеец беше во сопственост на Антониот Пинто со 59:43 – исто време има и Американецот Рајан Хол.
На исклучително интересната трка во која дури 11 луѓе успеаја да завршат под 60 минути, победи Стефен Кипроп од Кенија 58:42 – со само две секунди пред второпласираниот Абади Хадис (Етиопија) 58:44, а трет беше Фикаду Хафту 59:08 од Етиопија.

Женската трка беше истотака интересна и возбудлива. Сенбере Тефери која го имаше нејзиниот прв настап на полумаратонска дистанца заедно со нејзините сограѓанки од Етиопија Нетсанет Гаудета и Зеинеба Јимер завршија во заеднички финиш – Тефери и Гаудета со време од 1:05:45 а Јимер 1:05:46.
Од првото издание на полумаратонот РАК истиот има одлична репутација кај топ тркачите на полумаратон а патеката отсекогаш нудела пеколна трка со голема конкуренција и возбудливост.
