Флора-фауна

Типот што прави омлет на случајни минувачи – планинари

Апалачиан треил претставува маркирана планинарска трансверзала која се наоѓа на источниот дел од САД. Таа ги поврзува планините Маунт Катадин и Спрингер Маунтин, минува низ 14 држави и е во должина од 3500 километри, а на годишно ниво привлекува околу 3 милиони планинари, од кои околу 1000 се т.н. thru hikers – планинари кои имаат намера од крај до крај испешачат патеката на едно минување.

На едно местенце во текот на патеката, планинарите може да го сретнат Карл Спринг кој е попознт како „типот што прави омлет” – the omlette guy. Карл е пензионер и заедно со неговата жена тие имаат поставено мало засолниште каде во текот на сезоната доаѓаат и готват и делат најразлична храна на гладните планинари кои ја минуваат Апалачиан Треил.

Главно на менито е омлет со разно разни додатоци, а дели и доста банани, овошје и благо.

Најголемиот омлет кој досега го послужил бил направен од 30 јајца, а оној што го нарачал и изел е извесен германски планинар по име Муфаса.

← Назад кон архивата