Моро се повлекува од Манаслу поради лавинска опасност


Големите количини на нов снег кои се наталожија на планината во претходните денови доведоа до низа на лавини на стрмните падини од Манаслу. Поради овие причини тимот на Симоне Моро и Пебма Гелје Шерпа кои оваа година целеа кон зимско искачување на врвот беше евакуиран од планината.
Ќе бидат потребни околу 2-3 недели од стабилно време за новиот слој од околу 6 метри да се „исчисти” и стабилизира за да се овозможи безбедно качување што е скоро и невозможно на овие планини со оглед на сезоната, вели Моро.
Видео од невремето:
Една од лавините се спуштила дури и до нивниот базен камп. „Во последните неколку денови, целта за искачување на врвот се претвори во преживување и одржување на нашите шатори да не бидат затрупани од снегот. Постојано моравме да одржуваме смени за да го одржиме кампот незатрупан што беше навистина тешко.” – пренесува преку неговата официјална Фејсбук страна.
51-годишниот Италијанец е првиот и единствен искачувач на четири врвови над 8000 метри во зима – Шишапангма во 2005, Макалу во 2009, Гашербрум II во 2011 и Нанга Парбат во 2016.