Друго

Асикс ќе рециклира за олимпијадата во Токио

width=635

Јапонија и азискиот континент ќе бидат пионери во рециклирањето на спортска опрема која ќе биде користена за време на Олимписките игри во Токио 2020 година. Произведувачот на спортска опрема Асикс, кој инаку е официјален спонзор на jапонскиот олимписки тим, ќе биде првиот гигант од оваа индустрија кој во изработката на националните дресови ќе користи материјали кои се 100% добиени од рециклирана спортска опрема.

За потребите на овој проект од Асикс очекуваат да бидат собрани 30000 парчиња облека кои ќе бидат донирани во специјални боксови во спортските продавници и на различни спортски настани во периодот што претстои. На ваков чекор тие се одлучиле пред се заради зголемениот притисок врз текстилната индустрија и напорите таа да користи материјали кои се одржливи на подолог временски период и кои во помала мера го загадуваат еко системот.

width=635

Целата опрема на домаќинот на ОИ ќе биде изработена од рециклиран полиестер, додека пак останатите материјали кои ќе бидат добиени со донирањето ќе бидат рециклирани и употребени како гориво.

Текстилната индустрија важи за еден од најголемите загадувачи на светско ниво. Годишно 10% од вкупната емисија на штетен гас и 20% од вкупната количина на отпадни води доаѓаат токму од оваа индустрија. Исто така 85% од текстилот кој не успева да се продаде се уништува со горење.

Илустративно, за да се добие количина на памук која е потребна за да се направи еден пар фармерки потребни се околу 10000 литри вода колку што би потрошил еден човек во период од 10 години.

width=635

← Назад кон архивата