Како до почист воздух и поздрав живот?

Загадувањето во Скопје доаѓа од повеќе извори како што се домаќинствата, фабриките, градежните активности, транспортот и слично. Она што ние како граѓани можеме да го превземеме во свои раце за нас и нашите најмили да дишат почист воздух, е сигурно транспортот. Транспорот е еден од најголемите загадувачи на Скопје особено автомобилите, а сите знаеме дека возењето автомобил во 8 часот наутро претставува сѐ, освен задоволство и брзо превозно средство. Гужвите се неизбежни, нервозите уште помалку.
Здружението #НаТочак во последниве неколку години активно придонесува за околината, ги поттикнува и охрабрува луѓето да заборават на автомобилите и да практикуваат да ги извршуваат своите дневни обврски со велосипед. Практично, едноставно, без гужви, помалку загаденост и пред се активен живот кој придонесува до спречување на когнитивниот пад, ја изострува меморијата и учењето и ги подобрува севкупните перформанси на мозокот.
Неколку компании исто така земаа придонес во поттикнувањето на луѓето да користат велосипед како примарно превозно средство, преку поставување на велосипедски паркинг места, меѓу кои и Polleo Sport. Најголемиот специјализиран ланец во регионот за спортска исрхана и спортска опрема, постави засега 5 паркинг места за велосипеди, но од Polleo Sport велат дека тука нема да застанат.
“Скопје е идеален град за секој граѓанин да користи велосипед секојдневно. Наша цел како компанија е да го поддржиме спортот и да го поттикнеме активниот начин на живот, со оваа иницијатива на поставување на паркинг места за велосипеди сакаме да ги поттикнеме луѓето да се активираат спортски, да стекнат здрави навики и начин на живот. Во почетокот на новата година ќе поставиме уште 10 нови паркинг места на локации кои ќе бидат практични за сите да ги користат и да имаат каде да ги остават своите велосипеди за да можат да ги извршат секојдневните обврски. Со ова се надеваме дека ќе го подигнеме нивото на водење на активен и здрав живот. – велат од Polleo Sport.
