Вести

Спортски оскари за најдобрите жени во спортот во 2018 година

На овој настан во свечена атмосфера се доделија награди во тринаесет категории и се славеше успехот и најдобрите спортски достигувања на жените спортистки во 2018 година. Лауератка за 2018 година и најдобра спортистка е фудбалерката Наташа Андонова.

Целта на овој настан беше да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Р. Македонија, да се актуелизира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.

Оваа манифестација беше реализирана од граѓанската организација ТАКТ, Скопје која е активна на полето на унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт, а поддржана од Стејт Департмент на САД, Европска комисија со Европска недела на спорт и амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија.

Категории:

1. Најнадежна млада спортистка – Ана Марија Георгиевска(таеквондо)
2. Најдобра спортска новинарка – Ирена Андреевска (МТВ)
3.Најдобра спортска менаџерка – Моника Гавриловска (МКФ)
4.Најдобра судијка – Марија Илиева и Сивлана Карбеска
5.Најдобар женски тренер – Јулијана Црвенкоска(ракомет)
6. Најдобар женски тим – ЖРК Вардар
7. Најголем придонес за родова еднаквост во спортот – Ленче Алексовска Величковска
8. Организација за позитивни општествени промени преку спорт – Специјална Олимпијада Македонија
9. Посебно признание за животно дело – Стојна Вангеловска
10. Најдобра спортистка со инвалидитет – Оливера Наковска Бикова(стрелаштво)
11. Најдобра спортистка во колективен спорт – Сара Ристовска(ракомет)
12. Најдобра спортистка во индивидуален спорт – Ангела Мојсовска(карате)
13. Најдобра спортистка за 2018та година – Наташа Андонова (фудбал-Барселона)

← Назад кон архивата