Вести

Отворено пријавување за петтото издание на Струмина Треил во Штип

width=635

Петтото издание на Струмина Треил ќе се одржи на 18.11.2018 со старт од медицинското училиште Јане Сандански – Штип во 10:00 часот. Патеката е со должина од 18км со 750м +Д. Имаме една освежителна станица во селото Липов Дол (8.9км), а попатно се минува покрај неколку чешми и тоа Струмина на 2.8км, Љупчова на 7.1км и Куртбунар на 17.5 км.

Пријавувањето започнува од 1.11.2018 и трае до 11.11.2018 преку следниот линк. Стартнината изнесува 100 денари. 

На следниот линк може да пронајдете нешто повеќе за минатите изданија на трката. 

Мапа и висински профил на патеката. 

← Назад кон архивата