Вести

Aдријана Поп Арсова со нов државен рекорд во маратон

width=635

Маратонот во Ајндховен ќе остане запаметен како место на кое е истрчано најбрзото време во Маратон од една македонска атлетичарка. Адријана Поп Арсова патеката долга 42,195м ја истрча за време од 03:00:37 часа што е за речиси пет минути подобро од нејзиниот сега веќе стар рекорд со време 03:05:04 часа.

Со ова време Поп Арсова го зазеде вкупно десетото место во женска конкуренција. Вреди да се спомене и фактот дека Андријана Поп Арсова е и државен рекордер и во Полумаратон и во дисциплината 10,000м.

← Назад кон архивата