Вести

Китка Треил Ран – Прва планинска трка на падините на Китка

width=635

Китка Треил Ран е прва планинска трка која ќе се одржи на територија на Кисела Вода и на падините на планината Китка која е во непосредна близина на градот Скопје. Двете трки кои се закажани се Шпела Ран – 14 километри со 400 метри висинско искачување каде се посетува селото Вртекица и пештерата Шпела. 

Подолгата и потешка стаза наречена Китка Ран е во должина од 28 километри и 1350 метри висинско искачување каде се оди во највисоките делови од планината, до врвот Китка, планинарскиот дом Китка и селото Вртекица. 

Стартот и финишот на двете трки е од месноста Три Круши во Драчево, Китка Ран ќе стартува во 9 часот а Шпела Ран во 10 часот. 

Пријавувањето ќе биде отворено до 10.10.2018 на следниот линк 

Трката е во организација на ПСК „Драчево – Филип Чакаров” во коорганизација со здружение Трекс од Скопје и Општина Кисела Вода. width=635

width=635

width=635

width=542

← Назад кон архивата