Вести

Планинарски предизвик 12 врови – сезона 2017/18

 

Врвовите Плавник на Даутица, Зајачница на Сува Планина, Гоглин на Козјак, Бачилски Камен на Кораб, Канеш на Стогово, Радуч на Јабланица и Трпезница на Шар Планина иако се познати и посетени од планинари, досега не биле искачувани на помасовни организирани акции од планинарско друштво.

На 4 тури се спроведени пошумувачки акции каде се засадени над 500 зимзелени садници. Во рамки на акциите се посетени следните природни и културни знаменитости и реткости: Бозгунова Пештера, Светла (Ледена или Здравевска) Пештера, Драчевска Пештера, природните леднички езера на Кораб: Бачилско, Бабино, Средно и Долно Корапско Езеро и езерото Маруша на Стогово, водопадот Длабочица и „безимените” водопади-лонци Маѓутезе над Тануше на Кораб, големите извори Девојкина Вода на Јабланица над Модрич, реткиот карпест облик Вртена Скала, вештачките Подлешко и Отошничко Езеро, мувајдното растение Drosera Rotundofolia, ископните на древниот антички македонски град Пелагон(ија/еа/ида) и античката македонска гробница кај Бонче, Чичевскиот манастир Св. Архангел Михаил, средновековната црква Св. Ѓорѓи во Градовци каде е посетен и Извидничкиот дом.

Предизвикот „12 Врвови” е организиран и реализиран со заеднички напори на  Планинарско Друштво Трансверзалец, Единствена Македонија и Алгасан.

← Назад кон архивата