Вести

Крали Марко Треилс 2018 – Вистинските јунаци се коваат додека е жешко

width=635

Викендов бевме сведоци на едни од најекстремните временски услови на кои се има одржано трката Крали Марко Треилс во Прилеп. Температурата во просек беше околу 30 Целзиусови степени, а во некои делови од денот таа лесно стигнуваше нешто под 40-тиот. Пустинските услови дефинитивно се одразија врз целиот настан во различен аспект, од тркачки до логистички и организациски, но истите дефинитивно не спречија натпреварувачите да се надминат во една нова, досега невидена авантура на прилепскиот терен.

Поради екстремните услови, организаторот го продолжи лимитот за финиширање за еден час на сите трки, вклучително и лимитот на контролната точка Прилепско Езеро на трката од 67 км.

Најдолгата трка оваа година, Козјак Треил 67К која има искачување од 3600 висински метри, започна во 8 часот наутро, а на истата стартуваа вкупно 57 тркачи од кои успешно завршија 44 со процент на успешност од над 75%.

width=635

Победници на трката во женска конкуренција се:

  1. Десислава Цветанова – Бугарија – 10:40:45
  2. Веселка Великова – Бугарија – 11:55:06
  3. Аринета Мула – Косово – 12:27:42

width=635

Победници на трката во машка конкуренција се:

  1. Ивајло Керемедџиев – Бугарија – 10:03:38
  2. Пламен Пенов – Бугарија – 10:31:17
  3. Владимир Милушев – Бугарија – 10:38:17

Втората дистанца по должина оваа година на КМТ беше Камена Баба Треил со 34К со 1750 висински метри. Истата ја започнаа 118 тркачи, од кои успешно ја завршија 108.

width=635

Победници на трката во женска конкуренција се:

  1. Невена Рајкович – Србија – 4:49:01
  2. Катарина Шолаја – Србија – 5:02:59
  3. Маја Милосављевич – Србија – 5:06:41

width=635

Победници на трката во машка конкуренција се:

  1. Александар Кирковски – Македонија – 3:46:23
  2. Љубомир Тодоров – Бугарија – 4:06:43
  3. Даниел Кубашлиев/Венци Младенов – Бугарија – 4:18:59

Најкратката трка Трескавец Треил во должина од 16К со 800 метри искачување воедно беше и најмасовна. Учествуваа вупно 191 натпреварувач од кои 187 ја завршија трката.

Победници на трката во женска конкуренција се:

  1. Брук Филиповски – Австралија – 1:58:03
  2. Мери Мирческа – Македонија – 1:59:14
  3. Антонија Брезовска – Македонија – 2:02:16

width=635

Победници на трката во машка конкуренција се:

  1. Александар Стојкоски – Македонија – 1:30:49
  2. Даниел Ангелоски – Македонија – 1:35:11
  3. Игор Стојановски Гиш – Македонија – 1:37:45

← Назад кон архивата