Вести

Возењето на 1000 превои

Предизвикот наречен „Сто Превои” (The Cent Cols Challenge (CCC) е создаден токму од Фил уште во 2007 годинa. Секоја година мала група на одбрани велосипедисти тргнуваат на однапред предодредена рута која треба да мине низ 100 превои на одредено место, во главно тоа се на Алпите и Пиринеите, а сето тоа се прави во само 10 дена.

За 10-годишнината на CCC, Фил решава да направи ултра верзија на предизвикот која ја нарекува „Возењето на 1000 превои”- односно десет CCC ставени едно по друго.

Фил започна во Корзика во мај, а после едно долго лето тој заврши во Кантабрико на 4 октомври 2017. Вкупно измина 20000 километри со 500000 метри висина или на ден во просек по 200 километри со 5000 метри висинско искачување.

Повеќе тука.

← Назад кон архивата