Вести

Меѓукултурен камп во движење

width=577

Целта на кампот беше да се доближи улогата на неформалното учење / образование во однос на меѓукултурниот дијалог и да се создадат простори и услови за младите при разбирањето и надминувањето на постоечките стереотипи и предрасуди, да бидат отворени и мотивирани да соработуваат за подобро, поправедно и повеќе инклузивно општество.

Извидничкото семејство кое брои повеќе од 40 милиони млади од 160 држави во светот им овозможува на младите различни перспективи и погледи на светот и како да работат и да живеат заедно користејќи го извидничкиот метод на работа. Живееме во меѓукултурно општество каде младите имаат право да знаат и да учествуваат во процесот на градење и подобрување на истото и да заземат активна улога во пренесување на добри практики.

width=571

Ова наложува потреба од поинаков пристап и концепт кој ќе биде атрактивен и иновативен и ќе ги поттикне младите да почнат да размислуваат на поинаков и поотворен начин во однос на прифаќање на различностите како единствени.

Преку овој петдневен камп во природа ја подигнавме свеста за меѓукултурен дијалог и негово пренесување преку живеење во заеднички камп и користење на сите (за природа достапни) ресурси. Како резултат од настанот произлегоа активни и обучени млади кои ќе се залагаат да го пренесат наученото и ќе шират и пренесуваат позитивни практики на своите врсници.width=434

Настанот се организираше во соработка со извидничка организација од Кичево и Дневниот центар за деца Роми од улица. Имено на кампот не само што беа организирани низа работилници на темата меѓукултура туку и самите учесници делеа живеалиште и сами ја подготвуваа храната.

Како дел од кампот, покрај неколкуте хајкови, тие користеа алтернативен превоз за стигнување на камп локациите, односно јаваа коњи. Сметаме дека најдобри резултати од сите теории за различни култури се постигнуваат преку практична имплементација и ставање себе си во поинакви улоги и ситуации.

Настанот беше поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

width=484

← Назад кон архивата