УТМБ 2018 стартува за неколку часа – Македонија има петмина претставници


УТМБ претставува една од најголемите и најпознатите ултрамаратонски планински трки каде учество земаат преку 2400 тркачи од целиот свет, како и најелитните светски ултрамаратонци.
Оваа година Македонија ќе биде претставена од петмина наши тркачи од клубот Трекс/ПСД Макпетрол кои сите учествуваат на трката од 171 километар и 10000 метри денивелација.
Подолу се наведени стартните бројки на нашите учесници кои ќе може да ги пребарате и следите на следниот линк https://utmb.livetrail.net/
Жикица Ивановски – 925
Игор Јовановски – 967
Александар Симјаноски – 1067
Игор Пирковски – 1678
Никола Цицоски – 2760

Трката стартува во 18 часот, а најавени се студени временски услови во текот на ноќта, каде на одредени места може да се очекува температура до -10 степени целзиусови.
На официјалниот вебсајт, истотака, ќе може да следите пренос во живо од трката. https://utmbmontblanc.com/en/live/
Уживајте и бодрете ги нашите момци!!