Вести

Биди дел од осмото издание на легендата наречена „Крали Марко Треилс“

width=635

Крали Марко Треилс претставува една од пионерските трки во планинско трчање во Македонија која има осумгодишна традиција. Низ годините таа успеа да учествува во обликување на локалната заедница на планински тркачи, да мотивира илјадници луѓе на активен и здрав животен стил и да биде вистински промотор на локалната историја и убавина на прилепскиот регион.

Оваа година трката ќе се одржи на 22 септември, со старт и финиш во Варош маало во Прилеп. На репертоарот, тркачите ќе може да одберат една од трите трки за возрасни, а децата до 13 години ќе може да се вклучат во детската трка Маркукуле Треил. Најдолгата трка е Козјак Треил, во должина од 67 километри, следи Камена Баба Треил со 34 километри и Трескавец Треил која е одлична за почетниците и планинарите со 16 километри.

width=635

Пријавите траат до 31 август а сите детали и пријавувањето можете да го направите преку официјалниот веб-сајт www.kmt.mk.

Трката е во организација на Здружение “Трекс” – Скопје, ПСД Макпетрол и Општина Прилеп.

Биди дел од легендата и истрчај го митот!!

← Назад кон архивата