Македонските триатлонци со успшен настап во Романија.

Бојана Ѓорѓиеска ги освои првите свои ЕТУ поени во јуниорска категорија завземајки го 16то место од 20 натпреварувачки.Големи честитки на овој успех и одличен резултат.
Во категоријата на кадети на отвореното триатлон првенство во Романија, нашите репрезентативци ги освоија следните места: Габриел Котевски – 4то место, Давид Мијалов – 5то место и Димитар Јованоски – 6то место од 21 натпреварувач во нивната категорија.
Најмладите триатлонци во категоријата на деца до 13 години ги завземаа следните позиции: Ева Здравева – 3то место, Јаков Грашковски – 6то место, Филип Стојковски – 12то место.

Во категоријата до 10 години:
Ангел Стојковски – 1во место,Здравко Здравев – 2ро место.
Во категоријата до 9 години и помали: Јана Ѓорѓијевска – 1во место, Бобан Јаневски – 1во место, Марио Брезовски – 2ро место и Огнен Ивановик – 3то место.
Во старосните категории настап имаа Елена Зисовска со освоено 1во место во својата возрасна група и Димитар Стојковски кој го освои 5то место во својата возрасна категорија.





