Вести

Радожда – Трпејца на кајак

width=635

Планот на Бојан беше да се тргне од Радожда, Струга, и во еден ден на кајак да се измине целото македонско крајбрежје на Охридското Езеро, со финиш во Св. Наум. Предвидената рута беше околу 40 километри а тој, заедно со Саше и гумениот „Итивит” кајак тргнаа рано наутро на 25.08.2018. 

Екипата имаше одлични временски услови до 15 часот и 30 минути кога по кратката пауза во Пештани и во движење кон Трпејца временските услови започнаа да се влошуваат. Во Трпејца стигнаа 15-тина минути порано од предвиденото време но дождот, ветерот и ниската температура на водата ги спречи да ги извеслаат послдните 7 километри од нивната првично зацртана цел, Св. Наум. 

width=635

Вкупната дистанца на оваа релација према калкулациите направени со Страва е 40 километри кои беа изминати за вкупно време од 10 часа и 6 минути. 

Линк од активноста

← Назад кон архивата