Обид за веслање на цело македонско крајбрежје на Охридското Езеро


Планот на екипата е да се отиде во Охрид на 24 август (петок) со возило и со сета потребна опрема каде би се сместиле за преноќување. Следниот ден, рано наутро со старт од Радожда, Струга, планот е да се измине целото македонско крајбрежје на Охридското Езеро во еден ден, со финиш во Св. Наум.
Дистанцата е грубо околу 40 километри, а стартот би бил во 6 часот наутро. Проекцијата за стигнување во Св. Наум е околу 17 часот попладне. Во текот на движењето, екипата ќе направи неколку попатни станици за одмор, истегнување, дополна на храна и течности.
Посакуваме стабилни временски услови и добра авантура на екипата.