ДЕМАНТИРАНО – Ирина Дишовска е трета Македонка на Матерхорн и прва со соло искачување


– ДЕМАНТИРАНО ОД СТРАНА НА ФПСМ НА 25.08.2018 –
Ирина помина околу две недели во Алпите каде направи две подготвителни и аклиматизирачки искачувања на Агуиле Д’ентревес и Агуиле де Рошфорт за потоа да се упати кон Червинија – подножјето на алпскиот врв Матерхорн од италијанската страна.
Првичната идеја на Ирина беше да се обезбеди професионален водич за искачувањето, но за тој период од бирото добила информација дека нема слободен водич, па затоа таа одлучила да проба самостојно да го искачи врвот.
Гребенот претставува класично алпинистичко качување кое по UIAA е оценото со III/III+, a од домот Абруци до врвот има висинска разлика од 1475 метри. Врвот за прв пат е искачен по овој гребен на 16 и 17 јули 1865 година од Жан Антоне Карел и Жан Баптист Бих.

Досега од Македонија имаме три женски искачувања на овој врв, две по овој гребен и еден по Хорнли од швајцарската страна. Прва беше Илина Арсова во 2010 година по италијанската страна, потоа Ана Грбиќ во 2013 година преку Хорнли, па оваа година Ирина Дишовска која за прв пат оди соло.
Овде можете да го прочитате извештајот на Ирина за успешното искачување на гребенот на крајот од јули оваа година.