Дрон помогна во спасувањето на исчезнат алпинист на Броуд Пик


Младите момци се всушност Бартоломеј Баргиел (24) кој е помлад брат на Андржеј Баргиел (30) од Полска кои беа во аклиматизација за нивниот поголем проект на скијање на К2 – вториот највисок врв на светот, во што успеаја пред само неколку дена.
Во тој период кога далеку постариот Рик Ален се беше загубил на планината, тие правеа аклиматизациони искачувања, и откако ја примиле веста дека дел од јапонската експедиција виделе ранец (со претпоставка дека е на Рик) на 7500 метри височина, тие решиле да направат извидница со помош на дронот кој е професионално управуван од страна на Бартоломеј.

Тие успеваат да го лоцираат Рик кој е жив и со помали повреди, и ја спроведуваат информацијата до спасителната екипа. Рик беше изгубен цели 36 часа, откако се лизнал од подмрзната карпа и го изгубил ранецот во падот.
Како спротива на почетокот на оваа статија, старото „момче” во статијава, Рик Ален, е еден од истакнатите шкотски алпинисти кој во 2013 година е добитник на „Златниот Цепин” за првото искачување на Нанга Парбат преку гребенот Мацено.
Тогаш, Рик Ален (59) заедно со неговиот партнер Сенди Алан (57), Кети О’Дау и три Шерпи тргнуваат на 13-километри долгиот, претходно неискачен гребен кој е скоро во целост над 7000 метри. Искачувањето трае 14 дена, а на вториот обид за искачување на врвот од последниот камп, групата останува без храна. Единствено Сенди Алан и Рик Ален се решаваат да го направат вториот обид а останатиот дел од групата се спуштаат по принудена рута.
Нешто повеќе за искачувањето подоле: