Флора-фауна

Питер Саган објаснува како е да се вози Пари-Рубе (без зборови)

Пари-Рубе или една од „пеколните стази на Северот” е позната велосипедска патека каде се одвива истоимената трка, но и Турот понекогаш поминува по истата делница. Оваа година, на деветата етапа велосипедистите имаа можност да ги искусат 15-те делници коцка (калдрма) кои ја прават патеката исклучително интересна и тешка за возење.

На етапата имаше бројни незгоди кои завршија неславно за некои возачи. Како што коментаторот спомена во подолното видео, „На северот турот дефинитивно не се добива, но сигурно може да се изгуби”.

https://www.youtube.com/watch?v=600xQer7UvY autoplay:0

← Назад кон архивата