Вести

Тур де Галичица 2018 сепак ќе се одржи!

width=635

Настанот „Тур де Галичица” ќе го има своето петто издание oд 25ти до 26ти август 2018 година.  Останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица која ќе биде на 26 август во Недела. Оваа година планинарската тура ќе биде на Лако Сигној со надморска висина од 1973м и со можеби најдобриот поглед на двете езера и таа исто така ќе биде во недела на 26 август со почеток во 9 и 15 ч. Исто како и претходните години, ќе има можност за кампување збогатено со забава, на отворено во Отешево т.е “Lakeview”.

Велосипедската тура е долга 68 km. Почетокот и крајот се на плоштадот во Ресен. Стартот е во 9h во Недела. Стартниот пакет ќе биде 300 денари и ќе се наплаќа на лице место.

Техничките детали за турата можете да ги погледнете тука: 

Збирно место за планинарската тура ќе биде плоштадот во Ресен во недела на 26 август со почеток во 9 часот и се тргнува со организаран превоз од Ресен до Галичица. Вкупна должина на планинарската тура изнеува 7 км. 

Се молат сите заинтересирани за планинарење да се пријават најдоцна до 26ти јуни за на време да се обезбеди превоз. Стартниот пакет за планинарската тура ќе изнесува 400 денари. Наплатата е на лице место.

Линкот за пријавување е тука

Повеќе инфо за настанот.

← Назад кон архивата