Вести

#BOOST YOUR HEALTH

width=635

За подобра и посветла иднина, за нас и за нашите најмили и најсакани, заслужуваме да се чувствуваме убаво и среќно во своето тело.

ВКЛУЧИ СЕ И ТИ ВО КАМПАЊАТА! Започни ДЕНЕС! Постави ги своите цели и започни да ги остваруваш со здрави навики! Постирај слика на Фејсбук или Инстаграм, од твојата здрава навика со хаштаг #BoostYourHealth и стани потецијален добитник на наградите од Polleo Sport! 

Биди влијателен и запрашај се… “Дали твоето здравје вреди повеќе од твоите лоши навики?”

Нашите амбасадори се најдобар и успешен пример…

Јелена Спенџарска, водителка и јавна личност препорачува “Јадете повеќе зеленчук, пијте повеќе вода. Наспијте се. Вежбајте барем 30 минути дневно. Смејте се почесто. Мислете на себе, на своето здравје, мислете само позитивно. И подалеку од шеќерот и онака сте доволно слатки!”

Дарко Спејко, победник на Голем Брат “Внимавај и води грижа за своето тело, тоа е единственото место во кое мора да живееме! Твоето тело претставува дом каде ќе живееш засекогаш затоа внимавај на своето телото и уживај во своите здрави навики!”   

Јасна Лековска, најпозната пилатес инструкторка живее под мото “6 те најдобри доктори на светот се сонце, вода, одмор, воздух, вежбање и здрава исхрана.”

Жарко Батич, најдобриот crossfiter во Македонија вели “Целта на вежбањето е да го подобриме квалитетот на животот надвор од сала. Вежбаме за да можеме еден ден да си играме со нашите внуци без да чувствуваме никакви физички препреки. Согорувањето на телесните масти и доаѓање до чиста мускулна маса е само бонус.”

← Назад кон архивата