Како старите телефони може да ги спасат дождовните шуми во Јужна Америка

Топер Вајт од Реинфорест Конекшн е човекот кој оди во недостапните делови на бразилските дождовни шуми и се запознава со дел од племето Тембе од каде потекнуваат голем број на активисти и ренџери кои се борат со илегалната сеча на дрва.
Сепак, борбата е доста тешка бидејќи се работи за огромни делови на непристапна шума во која најчесто може да се пристигне единствено пеш, па патролите против дрвокрадците се доста неефикасни.
Тука во игра влегуваат старите мобилни телефонски уреди кои се пренаменуваат во систем за аудио следење (прислушкување) на одреден дел од шумата, за потоа тие аудио податоци, преку софтвер да се искористат во изнаоѓање на локацијата на сечата.
На овој начин се скратува времето за патрола и олеснува работата на ренџерите.