Вести

992 сурфери во рекорден протест

Жителите на овој приморски регион на Израел кои се секојдневно спортски активни во морето организираа протест против градењето на платформи за гас во морето. Тие успеаја да се организираат и масовно да влезат во морето со што нивниот протест го покажаа преку формирање на можеби најголемиот рекорден „човечки круг” во вода.

Со бројката од 992 луѓе во таканаречениот „paddle out” (масовно влегување во морето и формирање на круг), групата го надминува претходниот рекорд од 511 луѓе поставен во Калифорнија – а проектот е пратен за разгледување од страна на Гинис. width=635

Сепак, рекород е далеку помалку важен во споредба со акцијата и пораката што протестниот круг има да ја пренесе до големите компании кои сакаат да го узурпираат морето во овие делови. Покрај кругот во морето тие организираа и протест на плажата каде присуствуваа повеќе луѓе и јавни личности.

Таканаречените „paddle outs” – претставуваат ритуали првично практикувани од сурферската заедница кога се оддава почит кон загинат или починат сурфер, но во поново време истите, од страна на многу заедници кои живеат близу море станаа често применувана практика за индиректно искажување на различни ставови и мислења.

width=635

width=635

← Назад кон архивата