Флора-фауна

17-то Европско првенство во планинско трчање на Водно

Стартот и финишот на стазата и целокупната организација на настанот ќе биде на горниот паркинг на Средно Водно. Патеката е исклучително интересна со предизвикувачки технички делници но и со широки и брзи патеки кои ќе овозможат разновиден терен за натпревар. 

Према пропозициите, јуниорите ќе трчаат еден круг кој е во должина од 5,9 км со висинска разлика од 360 метри, а сениорите ќе вртат два круга во должина од 11км и висинска разлика од 700 метри. 

title=Мапа

Од трим патеката натпреварувачите ќе се движат по патеката „Новогодишна” до боровата шума и местото каде оваа патека се спојува со „Пензионерската”. До овој дел е искачувањето, а од тука, тркачите ќе одат надолу по „Пензионерската” патека се до трим патеката. 

Се очекува настап на повеќе силни европски репрезентации и исклучително пеколен тркачки викенд на 1 јули на падините на Водно. 

Повеќе инфомации ќе пронајдете на следниот вебсајт и ФБ страна. 

width=635

← Назад кон архивата