Вести

Калдвел и Хонолд со нов (втор) рекорд на „Носот”

width=635

Според магазините Рок енд ајс и Аутсајд Олнајн, едни од најдобрите качувачи во светот – Алекс Хонолд и Томи Калдвел вчера на 4 јуни успеаја да ја искачат познатата качувачка насока за неверојатни 2 часа 1 минути и 50 секунди што е за околу 9 минути побрзо од нивниот претходен рекорд поставен пред 5 дена на 30.05.2018. 

Насоката и самата карпа која е сместена во националниот парк Јосемити се сметаат а едни од најпрочуените качувачки локалитети. Истата искачува 915 вертикални метри во 31 јаже од кои еден дел е со оцена 8b. Насоката вообичаено се качува во текот на неколку последователни денови.

width=635

Сепак, многумина високо подготвени качувачи ги тестирале своите лимити во обид за брзински искачувања на рутата. Во 2002 година времето за прв пат паѓа под 3 часа и до 2017 истото е неколкупати корегирано до рекордните 2 часа и 19 минути на Џим Рејнолдс и Бред Гобрајт. 

Овој мај, едни од најдобрите светски качувачи Томи Калдвел и Алекс Хонолд тргнаа во обид да го подобрат ова време во што успеаја на 30.05.2018, а вчера на 04.06 направија повторен обид со ново подобрување на рекордот на 2 часа 1 минута и 50 секунди, со што се чини дека бариерата од 2 часа штотуку не паднала. 

Сепак, овој вид на брзинско качување сосебе носи и голема доза на ризик. Минатата недела на истата карпа, но на различна насока загинаа двјаца американски качувачи.

 width=635

← Назад кон архивата