Вести

Ортлер, Лаваредо и Гросглокнер за помалку од 48 часа

width=635

Двојката тргна во обидот во недела на 27.05.2018 во 19 часот од градот Солда под врвот Ортлер. Тие се искачија по северната страна до 3905 метри високиот врв во лоши услови и невреме, но успеаја безбедно да скијаат до Стилфс – Стелвио, откаде ги чекаше 246 километри велосипед до познатата карпа во Доломитите – Тре Чиме ди Лаваредо. width=635

width=635

Првичниот план беше сите три врвови да се искачат по нивните северни стени, но влажните услови го примора дуото да го ја смени насоката на јужната страна на Пикола Чима ди Лаваредо која ја искачија за 1 час и 30 минути. 

По спуштањето тие се упатија дополнителни 117 километри до Австрија под највисокиот врв Гросглокнер каде се искачија по северната стена во 16 часот, а спуштањето го направија до Лукнерхаус каде го запреа часовникот на нивното движење на 47 часа и 16 минути. 

width=635

За порталот Планетмаунтин – Гитл објасни дека идејата потекнала од успешниот обид на Ханс Камерландер и Ханс-Питер Аисендл во далечната 1991 година кога успеале да се искачата на Ортлер по северната стена и по насоката виа Комичи на Чима Гранде за помалку од 24 часа, истотака користејќи велосипед како превозно средство.  

width=635

← Назад кон архивата