Флора-фауна

Мајсторски и Мурсели со нова насока – Маткино Срце А3, VI

width=635

Маткино Срце А3, VI

Први Качувачи : Надир Мурсели и Зоран Мајсторски. 17.05.2018 год, 26.05.2018 година – второ јаже

Должина: 2 должини 1- ва 40 метри, 2 – ра 45 метри
Тежина : 1 – ва должина V+ и А3 и А2 , 2 – ра должина VI и А2
Местоположба : Во централниот дел на отмаровата карпа од првото сидриште на насоката Отмар (сидриштето кај дрвото ) во лево и директно нагоре низ превисите.

Опис: Насоката е стара започната насока од членови на спелеолишки клуб Пеони каде што имаат поставено 4 борки клинови и 3 алпинистички клина со што насоката е дојдена до почетокот на превисот и повеке немаме информации но не е продолжено, ние започнавме на почетокот до таванчето кое веднаш отидовме во десно по логичната линија на превисот кој е диагонален и компактен, го минавме технички. Тежината на овој дел е А3 детали но повекето се А2 каде што има оставено доволно клинови во цела должина околу 13 наши клина. Сидриште паралено на терасата на отмаровата насока (наскоро ке поставиме експанзиони клинови )width=635

Второто јаже започнува директно нагоре по плоча на која има изразена структура на факалишта да се дојде до белата дупка каде што е технички детал над дупката се оди во благо лево се излегува на тераса каде може да се одмори, покасно се влегува во превисест жлеб кој фрла во десно и се излегува до пречката на насоката Ветерански се користат два клина од оваа насока за покасно Маткино срце продолжува директно нагоре покрај самиот раб и има изразена пукнатина но двата клина се во десно под превисот и директно нагоре се излегува низ плочата и покасно по гребенот на насоката Отмар се оди до сидриштето.

Тежината е V+, VI и детали од А1 и А2 има оставено околу 11 клинови и два се користат од насоката Ветерански.

Забелешка: во насоката се уште има лабави блокови да се внимава, и насоката не прима чокови и френдови има доволен број на клинови, пожелно е да се понесе некој клин.width=635

width=635

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата